Судејќи според пишувањето на жолтиот печат, холивудскиот актер и комичер Џим Кери нашол нова љубов. Новата девојка која се најде во неговата прегратка е студентка од Русија, Анастасија Виткин.
Двојката неколку пати е забележана заедно уште во октомври, кога тие негираа дека се во врска. Меѓутоа, последното заедничко појавување во јавноста не остава повеќе сомневање дека се работи за романтична врска. Анастасија е млада русокоса која во моментов студира во Њујорк, а за време на викендот е забележана со комичарот во Лос Анџелес.
Двојката во јавноста се држеле за раце при заминувањето од ресторанот. Тие се запознале во Њујорк минатата година каде Кери поминал долго време поради работата.