Соништата на Стив пред смртта биле да создаде iCar, изјавил еден член од управниот одбор на Епл, Мајки Дрекслер.
„Погледнете ја автомобилската индустрија. Во Америка тоа е трагедија. Кој ги обликува тие автомобили? Сонот на Стив беше да создаде iCar“, изјавил Дрекслер.
Тој лично верува дека овој проект би бил многу успешен. Покрај автомобилот, Стив размислувал и за телевизијата.
Валтер Ајаксон во биографијата за Стив напишал дека тој лично мислел дека го пронашол патот за Епл Тв, а тоа го потврдил и Дрекслер.
„Порано или подоцна Епл ќе ја освои и дневната соба“, изјавил Дрекслер.