Се чини дека не постои ништо што покојниот соосновач и шеф на Apple не сакал да го направи на свој начин. Да живеел подолго, би се вплеткал и во автомобилската индустрија.
Стив Џобс не дизајнирал само производи за масовна потрошувачка во компјутерската и медиската индустрија. Тој се занимавал со промислување на се и сешто, од јахти и скали до медицинска опрема, која наводно ја цртал и додека бил во болничката постела, пишува Fast Company.
Доколку му веруваме на директорот на компанијата Џ. Кру и членот на управниот одбор Мајкл Дрекслер, да поживеел Џобс, на ред би дошла и автомобилската индустрија.
„Сонот на Стив беше да дизајнира iCar” изјавил Дрекслер на конференцијата Innovation Uncensored, „да стигна, веројатно би земал 50% од пазарот. Но, не стигна”.