Еден неименуван маж, за кој единствено се знае дека е физиотерапевт, изјавил дека познатиот актер му понудил пари во замена за секс.
Траволта и тој, наводно стапиле во контакт преку интернет. Актерот потоа го однел во хотел и таму му понудил 200 долари за да сипе со него.
Кога неговиот соговорник го одбил, Траволта станал агресивен и дури му предложил да викант уште еден маж.
Ова сведочење е само уште една во низата гласини кои кружат во Холивуд дека 58-годишниот актер е хомосексуалец и дека неговиот брак со Кели Престон, со која неодамна доби трето дете е лажен.
Пред две години, Роберт Рендлоф, автор на книгата за помалку познатите детали од животите на јавните личности, открил дека Траволта е “само еден од многуте холивудски ѕвезди кои ја кријат својата наклонетост кон истиот пол”.