Стејси Киблер изјавила дека Џорџ Клуни е совршениот маж кој отсекогаш го замислувала покрај себе.
Таа вели дека е пресреќна поради тоа што тој секогаш е тука за неа, вистински џентлмен. Двојката се појавија на еден настан каде што Стејси блескаше во долг црн фустан, а Клуни видно расположен се смешкаше и ја прегрнуваше својата сакана.
– Тој ми помогна да го закопчам фустанот. Тој е секогаш тука да го заврши потешкиот дел од работата и затоа е совршен, изјавила Стејси во истата прилика.