Лотус започна со тестирање на прототипот на хибридната верзија на моделот Евора. Станува збор за автомобил кој го покренуваат електромотори, додека бензинскиот мотор служи само како генератор на електрична енергија за дополнување на погонските батерија.
Авотмобилот од 0 до 100 километри достигнува за помалку од 4 секунди. Комбинираната сила на агрегатите е 414 КС.
Најголемата предност на овој автомобил е неговата емисија на јаглерод диоксид која според податоците на Лотус изнесува само 55 55 g/km.
Овој концепт беше претставен на саемот за автомобили во Женева 2010 година. Сега започна тестирањето, а веројатно ќе се планира и сериска верзија, но од компанијата се уште нема официјални потврди.