Некои луѓе навистина имаат супер сила, а тоа го покажа и Гинисовиот рекордер Кевин Фест.
Кевин, кој потекнува од Канада, влезе во Гинисовата книга на рекорди кога, како вистински Супермен, успеа да повлече авион од типот CC-177 III, кој тежи неверојатни 188.83 тони, односно 188 830 килограми.
Кевин „Супермен“ Фест успеал да го влече авионот цели 8 метри, со што заслужено си станал гинисов рекордер. Иако неговиот подвиг ги побива сите закони на физиката, Кевин вели дека може да направи многу работи со својата супер сила.