Еден и единствен: Дали би седнале на ваков мотор?

popara9 септември, 20121min00
motor

Јапонската компанија ТОТО, која инаку се занимава со производство на WC школки и писоари, направила моторцикл, но не обичен, туку моторк кој се движи на човечки измет.

Како, се прашувате? Па, едноствно, бидејќи што може компанија која призведува WC школки да направи освен да инсталира една на моторцикл и да ја нарече ‘Toilet Bike Neo’. Компанијата го претстави на јавноста минатата недела.

Нео е резултат на три години истражување, развој и дизајн, а базиран е на моторцикл со три тркала и капацитет на моторот од 250 кубика. Најголема иновација на него е WC школката, но возачот не придонесува резервоарот за гориво седејќи на тоалетот. Горивото се добива од прочистен и компримиран измет.

“Изметот и водата од славината се претвораат во метан преку ферментација, а метанот потоа се претвора во био гориво за прочистување на процесот”, појаснува еден од инженерите. Во резервоарот на моторот всушност не се наоѓа ни грам измет, туку само био гориво.

Моторциклот засега поминал 1,392 километри на тоа гориво, а цел му е подигање на свеста за екологијата и животната средина. За жал, во ТОТО немаат планови за масовно производство на овие моторцикли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag