Единственото нешто, со кое никогаш не треба да направиш компромис

popara17 март, 20121min00
lllll

Низ моите очи…малку философски погледнато…

Оковите на сопственото сознание те спречуваат да ја избереш слободата…

А всушност само со силата на мислите ти можеш да создаваш светови…

Човек се раѓа апсолутно слободен…

Со можноста да биде се што ќе посака,

Да отиде каде ќе посака…

Но со времето започнува да ја губи способноста да зема решенија…

Зошто болката од неправилниот избор е премногу голема,

(доколку постои таков поим како неправилен избор ).

Човек се раѓа само со еден живот,

И би требало да го живее на најдобриот начин за себе…

Без да се сообразува со тоа, што ќе кажат другите…

Важно е да се чувствуваш жив…

Единственото нешто, со кое никогаш не треба да направиш компромис,

Е сопствената среќа…

Ако нешто не ти се допаѓа – промени го.

Не плаши се да се подчиниш на импулсивните и налудничави решенија,

Кои излегуваат од твојата свест.

Во крајна сметка, тие се најдоброто, што некогаш ќе ти се случи…

Зошто во нив си вложил премногу страст…

Не чуди се…

Без колебање…

Не испуштај го моментот,

Зошто втор таков нема да се случи…

Наслади се на малите нешта во животот…

Изживеј го на најдобриот начин,

Така да еден ден кога ќе погледнеш назад,

Да се чувствуваш среќен од изборите, што си ги правел…

Голема работа, што понекогаш ќе боли…

Нели сепак чувствуваш…

Дишеш…

Живееш…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag