Се започнува сосема невино. Најпрво стенувате пријатели со секси колега, станувате пријатели во фејсбук со бившиот дечко, со другар од детството…наскоро започнувате да се возбудувате како ученичка секогаш кога ќе поминете некое време со тој човек – на работа, на телефон, на социалните мрежи. Чувствувате како пулсот ви се забрзува штом му го чуете гласот или случајно ве допре. Чувствата се поживи од секогаш!
Но има еден проблем! Вие сте во брак или пак во врска. Си велите се е во ред, зошто сте немале никакви интимни односи со другиот човек. Но реалноста е дека вие имате емоционален секс, кој може да е посилен од обичното физичко привлекување.
Тоа е пријателство кое ескалира во нешто повеќе. Пријателството преминува во емоционален секс, кога хормоните во мозокот, кои прават да се чувствувате добро, се појавуваат дури и при помислата на тој човек. И комуникацијата со него станува наркотична зависност.
Овие љубовни хемикалии се толку силни, што не можете во тој момент, дури и да си представите, дотичниот човек да го нема во вашиот живот. Но пред да ја ризикувате врската поради ваквата возбудена емоционална состојба, треба да ви е јасно што реално се случува.
Неверството е старо исто колку и нашата цивилизација. Во денешно време технологиите овозможуваат да се создаде само уште една усовршена негова форма. И најчесто, повеќето неверства се случуваат не зошто се планирани, а зошто луѓето запаѓаат во ситуации кога емоциите земаат определена насока и ги контролираат. Луѓето се впуштаат во афери, кога нешто им недостасува во бракот или врската. Тој недостаток ги прави жедни за нови емоции и возбуда, кои ќе ја пополнат празнината, па затоа овие луѓе стануваат многу лесни жртви на емоционалниот секс.
Единствено, ако се најдете во ваква ситуација, не се залажувајте себи си дека станува збор за пријателство и ништо повеќе. Пронајдете ја причината во вашата врска, односно причината за вашато чувство на внатрешна празнина.