Едноставни маски за големи резултати

popara8 септември, 20121min00
slika

Малку овошје, зеленчук, јогурт, млеко и бледнедер…. Не готвите ручек, туку правите маска за лице. Еве како

За масна кожа
Лосион за масна кожа: земете еднакви делови сок од краставица, ружина вода и половина дел растителен глицерин. Сите состојки промешајте ги и лосионот е готов. Се чува во фрижидер најмногу 4 денови.
Маска од јагоди: три супени лажички сок од јагоди се мешаат со една супена лажица млеко и една изматена белка од јајце. Припремената маска држете ја 15 минути и кожата ќе добие сосема нов изглед.

За Сува кожа:

Маска од краставица: неколку кришки изладена краставица, лажичка јогурт, лажичка свеж исечкан магдонос, пола лажичка бадемово масло или една капсула витамин Е се става во блендер. Кога ќе се добие кремаста смеса, маската се нанесува на лице и се остава да делува 15 до 20 мин. Лицето се мие со топола ода.

Млеко од малини: половина шоља малини добро да се испасираат со виљушка и додадете лажичка мед и еден децилитар млеко. Припременото млеко нанесете го со памукче на лице и неколку минути масирајте, а потоа измијте го лицето со топла вода. Милекото чувајте го во фрижидер максимално 4 до 5 дена.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *