Едноставно до убава и сјајна коса

popara26 декември, 20121min00
beautiful-hair

Здравата и сјајна коса е целта на секоја жена. Но, зимските услови и сушењето на косата со фен, фигаро или преса, често предизвикува косата да изгледа безживотно. За да го вратите сјајот на косата и таа да изгледа здраво и гламурозно, доволно е малку време да посветите на нејзина нега. Еве неколку едноставни совети со кои вашата коса ќе изгледа едноставно прекрасно.

Миење – За да и го вратите сјајот на косата почнете да користите шампон и регенератор за сјај. Покрај тоа, косата измијте ја со вода во која сте додале малку јаболков оцет. Со овој трик вашата коса ќе блесне како никогаш порано.

Четка – Никогаш не ја чешлајте косата додека е влажна. Покрај тоа, наместо најлонска четка одберете ги оние од природни материјали, бидејќи тоа нема да ја оштети вашата коса, а ќе и даде волумен.

Регенератор – За сјајна коса одберете регенератор кој не се измива. Тие овозможуваат неодолив сјај на косата.

Спреј за сјај – Иако е некогаш одлично решение, производите  за сјај можат да изгледаат неприродно. Наместо спреј, подобро одлучете се за лак за коса кој ќе го нанесете на четка, а потоа ќе ја исчетката косата. Покрај тоа што на овој начин ќе и дадете сјај на косата, ќе и обезбедите и долготрајност на фризурата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma