Едвај извлекол жива глава: Фановите на Аца Лукас го влечеле за коса!:))

popara18 јуни, 20121min00
aca lukas

Кога го виделе својот омилен пејач, некои од фановите не бирале начин и средства за што повеќе да му се доближат.

Аца Лукас во саботата пеел на Балкан мјузик фестивал во Љубљана, истата ноќ со Цеца, Милиграм и Брега… Девет илјади луѓе го поздравиле неговото појавување на сцената со врисоци и овации. Иако настапувал последен, фановите не биле воопшто уморни, а по свирката буквално го нападнале од сите страни. Не бирале средства само за да се сликаат со него. Се буткале, го влечеле за ракав, а некои дури го влечеле за коса за да го привлечет неговото внимание.

-Можам да се пофалам. Последен, во три наутро се појавив на сцената и до крајот на мојот настап салата остана полна. Не беше важно што беше толку доцна. Тотално лудило, изјавил задоволно Лукас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *