Маските од свежо сезонско овошје се ефтини, се подготвуваат брзо и лесно, а исклучително и одговараат на вашата кожа. Тие не можат да штетат, освен ако не сте алергични на одредена намирница.
Грозјето ја омекнува кожата
Пилинг од грозје е одличен за третман за груба кожа без сјај. Излупете ги зрната од грозјето, ствете ги во сад и истолчете ги со вилушка. Исцедете ја добиената смеса преку газа, а потоа со кружни движења нанесете ја на лице пулпата која останала на газата. Така од површината на кожата ќе ги отстраните мртвите клетки, а вашиот тен ќе го направите мек и мазен.
Јаболка за младешки изглед
Јаболката се богати ос витамини А, Ц и Е, кои го штитат организмот од слободните радикали одговорни за стареење на кожата. Имаат антиоксидантно и тонифицирачко дејство, ги штитат капиларите и ја олеснуваат микроциркулацијата. Земете два-три килограми јаболка, сомелете ги со кората во машина за мелење месо и оставете ја смесата да стои на собна температура осум часа. Со помош на газа направете облоги од јаболка, ставете ги на претходно добро исчистените посакувани места, па оставете да делува околу 20 минути. По отстранувањето на облогите опуштете се во купка во која претходно сте додале 20 капки екстракт од невен и камилица. Купката дополнително ќе ја омекне вашата кожа.
Дуњата ја лечи вашата кожа
Дуњата е позната по своето благотворно дејство на воспалени процеси, па со самото тоа е одлична за иритирана и проблематична кожа. Во литар вода додадете 150грама семки од дуња. Варете на тивок оган 15 минути, исцедете и оставете да се олади. Воспалената кожа, мозолчиња и акни мачкајте ги со памук натопен во овој тоник и тоа неколку пати дневно.
Како се користат природните маски
-Колку подобро е истнето овошјето или зеленчукот, толку подобро кожата ќе може да ги искористи хранливите материи од нив, па третманот ќе биде поефикасен.
-Вишокот маска или тоник можете да ги чувате во фрижидер, но морате да го искористите во наредните три дена. Во спротивно подобро да ги фрлите.
-Пред да ја нанесете маската, добро исчистете го лицето или делот на кој ја нанесувате. Пределот околу очите и усните треба да го заштитите.
-Ако сте алергични на одредена храна, не ја нанесувајте на вашата кожа.
Крушата ги затвора порите
За масна кожа со проширени пори одлично одговара маската од крушка. Изгмечете една голема крушка, додадете на добиената каша две лажици сок од лимон и мешајте додека не ги соедините намирниците. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете да делува 10 минути. Потоа исплакнете со млака вода.
Тиква за блескав тен
Поради бета-каротин и витамин А тиквата е одлична за проблематична, нечиста и мрсна кожа. Тикватабез кора исечете ја на коцки и сварете ја на пареа. Две лажици од добиеното пире помешајте ги со пола лажича мед и половина лажица ласно млеко. Ако имате мрсна кожа, додете неколку капки сок од свежо јаболко.