За патување во минатото, не е потребен времеплов… Доволно е да ги спакувате куферите и да отпатувате во Египет, каде ќе се најдете во чудесниот свет на прочуените фараони, пирамиди и хиероглифи…
Арапската република Египет, најверојатно е една од најмистичните земји на светот, а се наоѓа на бреговите на Средоземното и Црвеното море. Египет е познат како туристичка атракција уште од времето на Херодот, кој при една посета бил воодушевен од убавината која што можел да ја види. Сепак со откривањето на фараонските антиквитети уште повеќе добил на шарм, покрај уникатните верски и културни споменици. Со тоа, всушност Египет стана хит дестинација…
„ Културната престолнина на Европа“ и вториот град по големина во Египет, Александрија, како големо туристичко пристаниште и центар на туристичките активности претставува „ Порта кон Европа “, за Европа и медитеранските земји. Подрачјето со медитерански дух е главна атракција за жителите на Каиро, поради нешто поладната клима. Основана е од страна на Александар Велики, по проектот на архитектот Денократес, во облик на шаховска табла во 332 година п.н.е…
Каиро или El Kahira не само што е главен град на Египет, туку е и најголем град во Африка и на Блискиот Исток, со околу 20 милиони жители. Граѓаните, гордо го нарекуваат „ мајка на сите градови “. Каиро лежи на важните патишта кои водат до трите континенти: Азија, Африка и Европа. Овој град стар 2000 години е место за соживот на исламската, христијанската и еврејската култура, кои цветат и до денешен ден…
Ако уживате во максимумот од сонце, отпатувајте во Египет. Ќе Ве воодушеват преубавите плажи и морето, многуте корали и најразнобојните морски суштества, пирамидите, спомениците и интересните градови… Египет е дестинација која не смеете да ја пропуштите !!!