Гробовите кои биле пронајдени во Мулан многу потсетуваат на древните саркофази кои се популарна туристичка атракција во Египет и Европа.
Археолозите во џунглата на еден планински врв на Филипините пронашле 15 саркофази, за кои се верува дека се стари околу 1000 години.
Откритието покажало дека погребните ритуали на населението биле многу понапредни отколку што преходно се претпоставуваше и мислеше.
Покрај тоа археолозите пронашле, глинени садови, метални предмети и делови од човечки и животински коси.
Претставник од филипинскиот Национален музеј, Еусебио Дисон, кажал дека остатоците биле пронајдени на планината Камхантк, во близина на градот Мулан, во провинцијата Квезон.