Омилените вкусови на луѓето можат многу да предвидат за неговиот карактер, потврдија експерти од јапонската Асоцијација за здрава исхрана.
Според авторите на оваа студија луѓето кои сакаат зеленчук се смирени, чесни, упорни и постигнуваат успех во кариерата. Љубителите на овошје се чувствителни и внимателни. Тие се креативци.
Луѓето кои сакаат месо се склони кон импулсивност и агресија. Тие се непредвидливи, не трпат критика, но речиси секогаш постигнуваат успех во животот. Оние што сакаат риба се воздржани, умерени, амбициозни макар и да не им се приметува тоа од прв поглед.
Лутата храна се поврзува со темпераментни луѓе, склони кон егоизам, луѓе кои се склони кон авантури и се непостојани.
Мрсната храна е изборот на отворените луѓе. Тие поседуваат шарм, пријатни се, сакани од околината, палави се и забавни и тоа им носи успех во останатите свери од животот.