Видео: Елена Ристеска го промовираше спотот за песната “Опасно време”

popara5 ноември, 20121min00
elena

По едногодишна пауза поп – пејачката Елена Ристеска се врати на сцената со новата песна “Опасно време”, чиј спот  денеска ја доживеа својата промоција во кафулето “Драма” на улица Македонија.

Во друштво на своите најблиски пријатели и новинари Елена Ристеска го промовираше “краткиот игран филм“- забранетата љубов, која на крајот сепак победува. Ова е прикажано во бунтовничкото сценарио за новиот видео запис на Елена Ристеска, која по едногодишна апстиненција, супериорно се враќа на сцената во досега невидено издание.

Покрај главната улога која ја игра Елена во краткиот филм за песната „Опасно време“ играат и професионалните актери Славиша Кајевски и Нино Леви.

Песната „Опасно време” е снимена во студиото „Димитрови”, автор на музиката, аранжман и продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Мирко Попов од ПМГ и Елена.

Спотот  е сниман на дваесеттина локации во Скопје и Охрид во период од една седмица, под режисерска палка на младиот автор Даниел Јовески.

Погледнете го видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag