Поп ѕвездата Наташа Беквалац веќе два месеци интензивно работи на својот нов албум. По големиот успех на синглот “Ja sam dobro”, Наташа одлучила пред албумот да ја израдува публиката со уште една песна. Како што дознаваме вчера во студиото се прославило завршувањето на првата песна.
“Наташа веќе два месеци буквално не излегува од студијото. Во судиото Траг, под надлежност на проверената хитмејкерка Марина Туцаковиќ, Наташа снимила автобиографска песна Gorka hrabrost. Повторно изнанадува иако сите очекуваа дека тоа ќе биде продолжение на песната Ja sam dobro, таа снимила многу емотивна балада. Премиера на песната, која Наташа ќе ја отпее во живо со нејзиниот бенд, ќе биде одржана во една од најгледаните телевизиски емисии во земјата, кон крајот на месецот”, открива близок извор на пејачката.