Елена Ристеска го промовира новиот спот за песната „Опасно време“

popara1 ноември, 20121min00
Elena-Slavisa-Spot

На 5 ноември во 12 часот во кафетеријата „Драма“ на Улица Македонија ќе биде промовиран спотот за најновата песна на поп пеjачката Елена Ристеска – „Опасно време“ со која по едногодишна апстиненција, Елена супериорно се враќа на сцената во до сега невидено издание.
Видео клипот е различен од сето досега видено од Елена како видео продукција и е всушност „краток игран филм“ во режија на младиот автор Даниел Јовески. Покрај Елена, во спотот играат и професионалните актери Славиша Кајевски и Нино Леви. Спотот се снимаше на дваесеттина локациии во Скопје и Охрид во период од една недела.
Песната  „Опасно време“ е снимена во студиото „Димитрови“, автор на музиката, аранжман и продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Мирко Попов од ПМГ и Елена Ристеска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag