Елитната хрватска дестинација – Дубровник

popara5 март, 20123min00
1 (22)

Дубровник е гордоста на Хрватска, елитната дестинација која зрачи со космополитска енергија и еден од најубавите медитерански градови кои мора да ги посетите.

Дубровник бил независна република која живеела претежно од трговија. Ова место успеало да се одржи многу векови и покрај постојаните претензии, особено од турското царство и венецијанската држава…

Уште во 19 век бил откриен од страна на познати личности, за во 20 век да стане позната елитна дестинација. Фактите зборуваат доволно. Повеќе од дваесет луксузни хотели, зборуваат колку е важно да се биде овде. Овде доаѓале многу кралови, кралици, принцови, принцези, претседатели, високи дипломати и познати луѓе, меѓу кои и познатиот Папа Јован Павле II, кој е и почесен граѓанин на Дубровник.

Исто така, Дубровник со своите прекрасни локации во последно време станува едно од омилените места за венчавка од соништата. Покрај луксузното и ексклузивно сместување, во Дубровник може да се најдат и бројни ноќни клубови и ресторани со врвна услуга. Поради големата популарност и ексклузивниот статус во светот, особено меѓу богатите и славните, кои купуваат недвижности за своите летни резиденции, пазарот за недвижности на почетокот на новиот милениум доживеа огромен подем.

Со оглед на овие, а и многу други „ скриени “ причини, Дубровник е дестинацијата број 1 која мора да ја видите…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag