Оваа ориентална империја е симбол на главниот град на Обединетите Арапски Емирати…
Emirates Palace лежи на приватна, бела, песочна плажа долга 1, 3 километри и е опкружен со 85 хектари преубаво уредени градини. Овој неверојатен комплекс е дизајниран од страна на Џон Елтон, кој е потпретседател на Tong and Goo, меѓународна компанија специјализирана за меѓународни хотели. Отворен е во 2005 година и се наоѓа под сопственост на Владата на Абу Даби…
Во изгледот на хотелот доминираат куполите кои се издигнуваат и до 80 метри, а ги има вкупно 114. Ентериерот е уреден во злато и мермер. Централната просторија во хотелот има огромна купола на врвот, од злато, украсена со златни лисја и поседува неверојатна акустика. Највисокиот спрат има шест соби кои се резервирани исклучиво за кралското семејство.
Неверојатно, луксузно, привлечно… Буквално како од бајките !!!