
Ен Хатавеј и официјално се омaжи!
29-годишната актерка и нејзиниот партнер Адам Шулман ги разменија заветите вчера во Биг Сур, Калифонија. Тие двајца се во врска 4 години, а се верија во ноември минатата година. Интимната венчавка се одржала пред нешто повеќе од 100 пријатели и членови на семејството. Актерката носела венчаница која ја дизајнирал Валентино.
Ен минатата година изјави за USA Today дека ја нашла љубовта на својот живот. “Одушевена сум од Адам. Тој има се што ќе посакате кај партнерот. Пресреќна сум кога тој е покрај мене”.



