Не знаеме за вас, но ние имаме силно изразена склоност да размислуваме за есенската гардероба уште пред да сме биле на плажа.
Некако стреламе во времето напред и летото е вистинскиот момент кога ги зацртуваме основните насоки за пополнување на есенската гардероба.
Марни многу ни помогна со тоа што ни покажа како ќе се движат есенските модни тенденции кои меѓу другото многу ни се допаднаа. Оваа колекција заслужува чиста десетка!