После Синди Крафорд, Деми Мур, Моника Белучи и голем број на дами кои станаа мајки и Џесика Симпсон одлучи да се фотографира во поодмината бременост. Џесика позираше гола за насловната страна на магазинот Elle додека за внатрешните страни облече елегантен црвен фустан. Списанието ќе се појави на киосците овој месец. Џесика изјави дека воопшто не и било тешко да се соблече. Интересно е тоа што Џесика позираше во идентична поза како и Деми Мур.