ЕУ ќе стане супердржава?!

popara20 септември, 20121min00
t679

Во документот „Конечен извештај за иднината на Европа“, стои дека Европската унија наскоро може да стане држава со една војска, полиција и дипломатија.

ЕУ наскоро може да прерасне во една обединета држава, пренесоа светските медиуми врз основа на објавениот текст од министрите за надворешни работи на 11 земји членки од Унијата, во кој се залагаат за единствена дипломатија, војска и полиција.

Една од најзначајните измени во документо именуван како „Финален извештај за иднината на Европа“, се предлага државите потписнички  е да се воведе систем на мнозинско одлучување, а да се укине апсолутното, кое сега постои. Тоа би значело дека одделни земји нема да имаат право на вето на одлуките кои се однесуваат на сите членови на заедницата.

Посебно внимание се обрнува и на зајакнување на овластувањата на шефот на европската дипломатија, Кетрин Ештон, која според овој предлог би можела независно да презема акции во рамките на Европската надворешна служба.

Некои предлози, како воспоставувањето на централна контрола на монетарниот механизам веќе се на пат кон остварување, додека другите како една полиција и војска би можела да покрене жестоки дебати, наведуваат странските медиуми.

Меѓу 11-те дипломати кои учествувале во изговувањето на овој текст се претставниците на големите сили како, Германија, Франција, Италија, Шпанија. Документот не е потпишан од Британија. Полска, Португалија, Австрија, Белгија, Холандија, Луксембург и Данска исто така учествувале во изработката на овој текст.

Инаку Европската унија брои 27 земји членки, а има околу 500 милиони жители.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag