Актерката Ева Лонгорија по разводот со кошаркарот Тони Паркер започна љубовна врска со помладиот од неа Едуардо Круз. Двојката беше заедно 16 месеци, а прекина на крајот на овој месец.
Само неколку недели пред прекинувањето на врската, двојката беше на романтичен одмор, а блиски пријатели велат дека нивната врска им изгледала идилична. Ева неодамна заврши со симањето на серија “Очајни домаќинки”. Според американските медиуми, сега планира да сврти нова страница во животот и да се посвети на себеси и на некои нови проекти.