Ева Лонгорја вчера потврди дека се забавува со со квотербекот на њујоршкиот „Џетс“, Марк Санчез.
Санчез има 25 години, додека поранешната ѕвезда на Очајните домакинки има 37 години. Актерката во емисијата Extra потврдила дека има нова љубов:
– Марк и јас сме добро. Среќни сме што се забавуваме – изјавила актерката.
Тие вчера за првпат биле фотографирани заедно во јавност кога го напуштале хотелот „Риц Карлтон“.