Познатата поп пејачка Ријана ќе заработи пет милиони долари за појавување на церемонијата на вклучување на празничното осветлување во еден шопинг центар во Лондон.
Единствената задача на пејачката од Барбадос е само да се појави, да го притисне прекинувачот, да им се насмевне на фоторепортерите и да си замине.
Минатата година истото копче го притисна Џастин Бибер, а годината претходно таа задача за прв пат и’ беше доверена на Ријана.
“Одушевена е што повторно ќе ја има таа чест да ги вклучи светилките, а секако нема лошо да и’ биде од астрономскиот хонорар“, рекол извор близок до пејачката.