Познатата српска старлета Станија Добројевиќ во моментов се наоѓа со прјателите од САД во Будва, каде ги користи последните денови од одморот пред да се врати на новите работни обврски.
На бродот на кој Станија ужива има американско знаме, па мислевме дека по неа во Црна Гора дошол вереникот кој живее во Америка. Меѓутоа, атрактивната старлета Станија ова го демантирала.
“Тие сите се мои добри пријатели. Не има околу 15-тина. Тие дојдоа од Лос Анџелес тука да го поминат одморот. Времето го поминуваме во посета на плажите на црногорскиот брег, а со јатата ќе одиме и до Хрватска на неколку дена”, изјавила Станија, која открила и дека се враќа во Америка каде ја чека работа.