Актерот Кенан Имизалоглу во серијата Езел ги освои срцата на дамите низ целиот Балкан.
Згодниот турчин студирал математика на Универзитетот Yıldız Technical. Со манекенство почнал да се занимава од 1995 година. Две години подоцна победил на избор за најдобар модел во Турција, а во 2001 година освоил награда за Најдобар машки модел на светот.
Во актерските води запловил со помош на турскиот режисер Осман Синав кој му дал улога во познатата туска серија Deli Yürek (Лудо срце). Потоа глумел во филмот Alacakaranlık (Самрак). Во 2005 година играл во познатата серија Aci Hayat, базирана на филмот од 1962 година. Имал и значајни улоги во неколку акциони филмови.
Во 2009 година ја добил улогата во хит серијата Езел, која освен во арапските земји ги прослави и на Балканот. Уживајте во фотографиите на Кенан, кои ги избравме за вас.