Езерото Хевиз – најголемото биолошки активно, природно лековито езеро во светот

popara4 август, 20121min00
heviz02

Едноставно, неверојатно место. Во западниот дел на Унгарија, недалеку од градот Залаегерцег, западно од езерото Балатон – познато како Унгарско Море, релативно близу и до границата со Хрватска, е гратчето што крие несекојдневно богатство – најголемото природно езеро со лековита топла вода во Европа.

Езерото Хевиз е најголемото биолошки активно, природно лековито езеро на светот. Езеро кое се “храни” од своите два природни извори привлекува туристи од сите страни на светот. Биолошката стабилност на езерото ја докажува со температурата на водата која ни во ладните зимски денови не паѓа под 24-26 °C.

Преку лето нормална просечна температура на водата се движи од 33-35 °C, во топлите денови и до 36-38 °C. Околната шума на површина од 50 хектари, помага во одржувањето на микро климата на езерото заштитувајќи го од ветер, па така облакот од пареа над езерото е постојан кој овозможува ладење на водата.

Езерото Хевиз е геолошка реткост. За разлика од повеќето други топли езера кои најчесто настануваат на вулканската почва, ова е тресетна почва.

Заштитен знак на езерото е Индискиот Лотус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma