Facebook подготвува нова Log In страна

popara8 ноември, 20121min00
facebook

Социјалната мрежа која има постојан раст на бројот на корисници, исторемено е и во постојани промени. На ред дојде страната за поврзување со Фејзбук.

Нема многу информации за новиот изглед и можности за Log In на Фејзбук страната. Но, сепак некои од корисниците забележале дека таа сега има голема слика, прикажана преку целиот екран, друг распоред за најава и нов дизајн елементи.

Според неофицијални информации кои можат да се прочитаат на интернет, новата страна несомнено ќе бира јавно достани фотографии од своите корисници, кои за тоа даваат одобрение, за таа постојано да се менува и да прикажува нови фотографии.Тоа ќе го направи динамичен и забавен, а повремено би требало да се прикажуваат и реклами.

Интересните и топли фотографии, кои ќе се прикажуваат на оваа почетна страна би требало да ги охрабрат новите корисници да се приклучат на Фејзбук, но не е познато дали ова е конечниот изглед и распоред на страната или дополнително ќе се менува.

Проверете ја својата Log In страна, можеби и вие ќе се изненадите со некоја интересна фотографија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma