Германскиот студент Марсел Пол (22) од Арнсберг дал 60 испити за само 20 месеци на приватниот факултет за економија и менаџмент и дипломирал со одлични оценки.
Но, овој студент за успехот е „награден“ со тужба од факултетот, кој побарал 3000 евра. Пол инаку наместо за 11 семестри испитите ги завршил за 3 семестри. Дипломирал во август 2011 година.