Речиси да нема жена што не поседува барем еден долг летен фустан. Оваа година дизајнерите акцентот на своите ревии го поставија на вечната женственост – романтичните макси фустани. Разновидните принтови и бои креативно се искористени од страна на дизајнерите при создавањето на вакви смели комбинации и решенија.
Тука ќе видите најразлични стилови почнувајќи од секојдневни па до вечерни фустани и сите тие се подеднакво актуелни.