Фантастично откритие: Мажите кои работи во домаќинството се посреќни!

popara1 јули, 20121min00
maz

Сакате да направите човек среќен? Дадете му метла.Научниците од Универзитетот во Кембриџ ги анализирале мажите од седум европски земји и утврдиле дека луѓето кои работат по дома се посреќни од оние кои не го прават тоа.

Мажите кои се занимаваат со работа низ дома и околу неа имаат подобра рамнотежа помеѓу професионалниот и личниот живот, повеќе самодоверба и поголема самосвест. Истражувачите очекувале да откриат деака жените се тие кои се посреќни кога нивните сопружници завршат некоја домашна обврска, но тоа не било случај. Нивната среќа не се зголемила или намалила врз основа на количината на помош која им дадена во домаќинството.

Сепак, се чини дека мажите добиваат се. Тие можат да мократ стоејќи, не крварат секој месец, а сега се и среќни за домашните обврски. Не е фер, воопшто!

Но, ајде овие наоди да ги поставиме во сосема спротивна насока. За да ги искористите предностите на оваа студија, почнете да го применувате овој принцип на машка среќа на тој некој во вашиот живот кој сеуште не знае каде стои правосмукалката. Нема да м кажете дека вие извлекувате корист, не, вие ќе го информирате само за неговата благосостојба. Зарем тоа не е убаво од вас?

Студијата понатаму вели дека врската помеѓу чувствата на задоволство кај мажите и чистењето се препишува на фактот дека тие преферираат да ги завршат домашните обврски, отколку да ја слушаат партнерката…Во превод, вашите досадни муабети се најлошото што им се случува во животот. За него, чистење на подот на кујната, само вас да не ве слуша како нешто му префрлате, резултира со зајакнување на неговото расположение. Интересно. Затоа вечерва, дадете му ја возбудата и уживањето како никогаш до сега, дозволете му да листи и да ја брише прашината во дневната соба.Тоа верувам дека ќе му обезбеди огромно задоволство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *