Фаталниот Сулејман! Детали од животот на познатиот турски актер!

popara28 август, 20121min00
spek-sulejman_620x0

Познатиот турски актер Халит Ергенч, кој ја изгра главната улога во хит серијата Сулејман Величенствениот е еден од најпосакуваните мажи во Турција. Ние ви откриваме детали од неговиот живот кој ќе ви откријат зошто актерот е фатален за жените.

Како прво, серијата Сулејман Величенствениот е најскапата серија во историјата на турската телевизиска продукција. Пред да започне со емитување, авторите и продуцентите ја созадавале повеќе од три години, а само во предпродукцијата се потрошени повеќе од ри милиони долари.

Актерот Халит по завршувањето на средното училиште се запишал на факултет за броградба и поморски науки, но по една година се префрлил на Мимар Синан Универзитетот каде дипломирал Музички театар.

Актерската кариера ја започнал во мјузикли, опери и балет. Потоа почнал да снима реклами, како и да глуми во некои театри. Првата серија која го издигна кон ѕвездите е 1001 ноќ, за што доби награда за најдобар актер.

Тој во младоста признал дека бил бунтовен, но сега вели дека е тврдоглав.

Ја сака својата слобода, бил во Америка каде посетувал курсеви за глума, но по некое време останал без пари и почнал да работи како келнер.

Во септември започнува снимањето на третата сезона од серијата Сулејман Величенствениот. Серијата стана хит во 22 земји на Блискиот Исток и 44 останати земји низ светот.

Актерот е висок 1,83 сантиметри. Актерот открил дека една баба му е албанка, а другата бугарка. Во 1001 ноќ ја запозна својата љубов. Она што се на светско нив Бред Пит и Анџелина Џоли, тоа се овие двајца актери во Турција.

Актерот е голем хуманитарец, по завршувањето на втората сезона од Сулејман Величенствениот заедно со екипата собирале средства за изградба на детско село во Измир.

Ако се суди според гените, актерот својата музикалност и љубов кон уметноста ја наследил од татко му Саит Мехмет Али, врвен музичар, текстописец кој издал десетина албуми и напишал голем број песни за други турски музичари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma