Полицијата во Силвеер Спринг, Мериленд го сопрела спортскиот автомобил поради непрописни регистарски таблички, бидејќи на нив се наоѓал симболот на Бетмен. Кога го сопреле „бетмобилот“, полицајците се нашле очи во очи со Бетмен.
Шокираните полицајци го легитимирале и утврдиле дека станува збор за работник во една добротворна организација, кој тргнал во локалната детска болница за да ги забавува малите деца пациенти.
„Бетмен“ бил ослободен без казна, но бил предупреден дека во иднина не треба да вози со такви регистарски таблици.