Фејсбук најави дека ќе ги брише корисниците кои не го користат вистинското име, а од останатите ќе се побара да го пријават тоа.
Ако сте ги прочитале правилата на Фејсбук, ќе видите дека Фејсбук е социјална мрежа каде што луѓето се поврзуваат со користење на нивните вистински имиња. Значи, која било друга форма на користење е прекршување на правилата на Фејсбук и затоа корисниците кои се под лажно име ќе бидат избришани.
Денеска речиси една милијарда корисници се на Фејсбук, па затоа е многу тешко да се разликува кои користат лажни имиња, пазатоа Фејсбук ќе бара помош и од останатие корисници да ги пријават таквите случаи.