Секој петти шеф ги одбива кандидатите за работа доколку не му се допадне неговиот профил на социјалната мрежа, а британката Ешли Пејн добила отказ само поради една фотографија.
Доколку на шефовите не им се допаднат профилите на Фејсбук, или пак некоја слика или статус, лајк е погрешен тие може да ви дадат и отказ, покажало едно најново истражување на британскта истражувачка компанија „Еуроком ворлдвајд“.
Неодамна професорката во едно британско средно училиште доби откако нејзниот директор ја предупредил дека фотографиите кои ги има на својот профил се невкусни. Поточно, на една фотографија Ешли држи чаша вино во едната, а чаша пиво во другата рака, што директорот го карактеризирал како промоција за консумирање алкохол.