Фејсбук започна да ја тестира новата опција за Андроид корисниците, синхронизација на фотографиите снимени со телефонот директно на Фејсбук профилот.
Facebook Photo Sync ги пренесува фотографиите направени од Андроид уредите на профилот, но тие остануваат приватни во рамките на новиот таб Synced from Phone.
Корисниците подоцна може да одберат кои фотографии сакаат да ги споделат со своите фејсбук пријатели, а синхорнизацијата се прави преку Wi-Fi мрежите.
Функцијата моментално се тестира на мал број корисници, а ваквата опција постои за корисниците на Гугл Плус.