Еднаш, многу одамна пред многу години, живееше една убава и независна принцеза, полна со самодоверба.
И еден убав ден, додека се шетала во паркот, во барата видела жаба. Одеднаш, жабата почнала да и зборува:
“Еднаш, многу одамна, бев убав принц, но зла вештерка фрли магија на мене и ме претвори во жаба. За да се разбие магијата, потребно е некој да ме бакне. Затоа, те молам, бакни ме и врати ме во човечки облик. Тогаш ќе можеме да се венчаме и да се преселиме во замокот со мојата мајка. Ти ќе ми готвиш,чистиш и ќе ги чуваш децата, а јас ќе те сакам и ќе бидеме среќни до крајот на нашите животи…”
И вечерта, додека принцезата ја вечераше жабатa, тажно се присетуваше на бајќите што браќата Грим и нивниот братучет Андерсен ги напишаа во меѓувреме! 🙂