Потребни состојки:
- Брашно за поховање
- 2дл.светло пиво
- 2 јајца
- 1кг. Филети од риба
Начин на подготовка:
- Филетите од риба добро исушете ги во крпа (избегнувајте хартиени салвети поради лепењето). Побрашнете ги и протресете го вишокот на брашно.
- Изматете ги јајцата. Додадете пиво и измиксирајте го брашното постепено. Оставете 15мин. па уште еднаш измиксирајте за да не останат грутки.
- Во пивското тесто валкајте ги побрашнетите филети од риба. Исцедете го вишокот.
- Похувајте на температура од 170-180Ц. Помешајте повремено за да не се залепат парчињата при пржењето. Филетите од риба се пржени кога ќе испливаат на површина.