Сценаристот Питер Морган е во преговори со студиото “Ворнер Брос” за да и го довери пишување на сценариото за животот на Хју Хефнер, основачот на списанието “Playboy”.
Морган, кој е номиниран за Оскар за сценариото за филмовите “Кралица” и “Фост / Никсон”, се состанал претходно оваа недела со 86-годишниот Хефнер.
“Имав многу добар состанок со сценаристот Питер Морган. Зборувавме за мојот живот и беше многу забавно”, објавил Хефнер на Твитер по состанокот.
Засега не се знае ни кој ќе игра ниту кој ќе го режра филмот, иако се претпоставува дека ќе го продуцира холивудскиот ветеран Џери Вајнтраб.
За улогата на Хју Хефнер се споменуваат Том Круз, Хју Џекмен и Роберт Дауни џуниор.
Роден е во Чокаго, Хефнер го основал списанието “Плејбој” 1953. година. Стана познат по својот разуздан живот, особено по раскошните прослави кои редовно ги приредува во својата вила во Лос Анџелес во која низ годините живеел со голем број убавици.