Младите соперници веќе некое време се во лоши односи поради Ријана и не ги штедат навредите еден спрема друг.
Деталите од тепачката сеуште се непознати, но сосема е извесно дека се случила минатата ноќ во еден бар во Њујорк. Крис во текот на ноќта објавил своја фотографија, на која брадата му е пресечена, веројатно од удар со шише.
Настанот веројатно се случил поради “тивкото страдање” на Крис по пејачката Ријана. Крис завршил во болница со исекотина на брадата, како што пренесуваат странските медиуми.