Ви ја претставуваме најголемата змија на светот во заточеништво, евидентирана во Гинисовата книга на рекорди.
Станува збор за Флафи, путон долг неверојатни 7.3 метри. Флафи бил дел од зоолошката градина Колумбус и претставувал вистинска атракција.
Флафи, кој инаку тежел преку 130 килограми, починал во 2010 година на „длабока старост“ од 18 години.
Видот на питони на кои им припаѓа Флафи во просек растат од 3 -6 метри, а најголемиот примерок на слобода досега бил регистриран во 1912 година во Индонезија и бил долг скоро 11 метри.