Флертот е игра без правила

popara16 јануари, 20121min00
2

Флертот е едно од највозбудливите преживувања за човекот. Во пракса, секој пат кога флертуваме, пулсот ни се забрзува, лицето ни се зацрвенува, нозете ни треперат. Но што е она што не го знаеме за флертот? Еве неколку интересни факти.

Се започнува и завршува со еден поглед. Кога маж или жена ќе реши да флертува, тој или таа го задржуваат погледот врз објектот на внимание најмалку 2 секунди. Всушност контактот со очи дава јасен знак, дека некоја од страните е заинтересирана за подлабока комуникација. Уште покатегорично станува кога погледите меѓу двајцата зачестат, а тие не се ни познаваат.

По време на флерт и мажите и жените играат игри. И двата пола често ја изопачуваат вистината, за да се допаднат повеќе. Во голем степен секој маж верува, дека знае што сака да слушне една жена, затоа ги подредува по тој начин зборовите. Жените исто така си играат со вистини и невистини и се склони да изговараат чисти лаги само и само да го задржат вниманието врз себе. Истражувањата покажуваат дека например жените почесто велат „те сакам“, не затоа што така навистина мислат, а затоа што сакаат да го добијат истиот одговор.

Јазикот на телото издава се. Зборовите даваат само 7% од информацијата. Во флертот многу поважни се гестовите и позите на телото.  Никој никогаш не е сигурен каков ќе биде крајниот резултат. Понекогаш работите остануваат до чашката во барот, друг пат до хотелска соба, а некогаш до пред олтар. Несигурноста е предизвикот што не тера да флертуваме повторно и повторно.

И сепак на крај флертот си останува игра без правила. Колку и да се обидуваме да го поставиме во некакви рамки. Во неговите замки паѓаат и стари и млади, женети и разведени, верни и неверни. Сосема друго е прашањето дали флертот секогаш носи пријатни емоции и за двете страни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag