Дали ја примате потребната дневна доза фолна киселина? Според редица специјалисти, дневниот прием на фолна киселина треба да изнесува 400 мкг зошто помало количество од ова предизвикува редица здравствени проблеми како срцево-садови болести, рак, наднормална тежина, депресија, Паркинсон, анемија, ревматоиден артрит и.т.н. Фолната киселина е особено потребна за идните мајки, зошто претставува еден вид превенција од несакани вродени дефекти кај плодот, како на пример синдромот Даун.
За наша среќа има многу начини како да го зголемиме нивото на дневен внес фолна киселина. Приемот како готов производ е секако најлесниот начин, ја има во сите апотеки, но пак можеме тоа да го сториме и на природен начин преку вклучување во својата исхрана повеќе сончоглед, спанаќ, полнозрнеста храна, житарици и др.