Фотографското студио „Вилијамс” – перфектен уметнички простор

popara6 февруари, 20121min00
williams_studio_02

Студиото „Вилијамс” е ново фотографско студио дизајнирано од Gh3 и изградено над вила покрај езерото Стони Лејк во Онтарио, Канада. Просторот е изграден и дизајниран со некои основни концепти на ум – внатрешна и надворешна еднаквост, материјална јасност и отворен простор. Големите прозорци кои се насочени на север, му даваат на студиото природна дневна светлина и неверојатни глетки од прекрасните околни пејзажи.

Лизгачкиот стаклен под, кој е широк 3 метри, исто така овозможува природна вентилација и, доколку некогаш сакате малку приватност, постои „ослепувачки систем” кој служи како втора кожа и со чија помош внатрешноста се трансформира во затворен, интимен простор, а надворешноста во рефлективно огледало на околината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag