Француска слугинка или медицинска сестра?

popara18 септември, 20121min00
promo

Играње улоги е најчеста секси фантазија меѓу жените и мажите.

Кога станува збор за сексуални фантазии, сигурно многу нови работи ќе ви откриеме. Имагинацијата на мажите во оваа област сигурно е нешто повеќе развиена од женската, но сепак постои една фантазија за која и жените и мажите подеднакво размислуваат.

Во едно истражување спроведено помеѓу 500 мажи и жени откриен е многу интерен факт – и мажите и жените најчесто фантазираат за играње на секси улоги во спалната соба.

Зошто играњето улоги е толку пожелно и популарно?

Покрај тоа што е релативно едноставно, во поголемиот дел од случаите ефтино ве пали на некој нов начин, постојат 4 главни причини зошто играњето улоги во спалната соба е толку посакувано:

Имате сексуален однос со друга личност, а не изневерувате

Една од најчестите причини на многу разводи или прекин на врски, е токму изневерувањето. Играњето улоги, на некои може да им помогне да не дојде до тоа, бидејќи на некој начин им овозможува секс со “друго лице”. Ова дури може да биде многу едноставно – доволно е да ставите прика или да се претставите со друго име за да си ставите во ум дека сте во кревет со друга личност.

Имате прилика да пробате нови работи

Ако во спалната соба одеднаш сте друга личност, покрај тоа што потенцијално ќе се забавувате, исто така ќе имате прилика и да пробате некои нови работи, кои досега не ги знаевте. Многу луѓе во креветот се преидржуваат на неколку основни позиции, но кога ќе станете некој друг, веќе немора да се воздржувате.

Без разлика дали сте француска слугинка или медицинска сестра која по напорниот работен ден одлучила да си поигра со пожарникарот – бидете самоуверени. Уживајте во својата нова улога во секој поглед.

Одличен начин да го зачините сексуалниот живот

Никој не сака да западне во рутина, а особено во сексуална рутина. Сексот, особено ако е возбудлив секс, треба да дојде природно. Токму играњето улоги е еден од начините да ја промените рутината, а притоа да го задржите природниот инстикт.

Помага со валкани зборови

Значи, поголемиот дел од жените не се чувствува удобно да зборува валкано и да звучи просто за време на сексот. Дури и ако тоа го практикувате, колку нови начини можете да смислите за некому да кажете малку посилно да ве …! Кога вашиот љубовник е некој нов и кога вие сте некоја друга, одеднаш и вокабуларот ќе се прошири.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *